Министерот за економија Фатмир Бесими потпиша Меморандум за разбирање и соработка со занаетчиската комора Кобленц од Германија. Cо меморандумот се утврдуваат принципите и областите на соработка на македонското министерство со занаетчиската комора на Кобленц. Целта е да се поддржи процесот на развивање и реализација на проектите за унапредување на занаетчиските дејности. Со потпишувањето на овој Меморандум меѓу мнистерството за економија и знаетчиската комора Кобленц, ние овозможуваме континуитет започнат уште во 2000 година, во остварување на една од целите на министерството за економија - вопоставување на здрава основа за развој и поддршка на занаетчиството, со што ќе овозможиме одржлив раст и развој на занаетчиството како значаен сегмент на националната економија во целина, и тоа преку реализација на активностите кои произлегуваат од меморандумот за соработка.
Министерот за економија Фатмир Бесими потпиша Меморандум за разбирање и соработка со занаетчиската комора Кобленц од Германија.
Како што соопштуваат од министерството за економија, со меморандумот се утврдуваат принципите и областите на соработка на македонското министерство со занаетчиската комора на Кобленц.
Целта е да се поддржи процесот на развивање и реализација на проектите за унапредување на занаетчиските дејности.
„Со потпишувањето на овој Меморандум меѓу мнистерството за економија и знаетчиската комора Кобленц, ние овозможуваме континуитет започнат уште во 2000 година, во остварување на една од целите на министерството за економија - вопоставување на здрава основа за развој и поддршка на занаетчиството, со што ќе овозможиме одржлив раст и развој на занаетчиството како значаен сегмент на националната економија во целина, и тоа преку реализација на активностите кои произлегуваат од меморандумот за соработка “, изјавил министерот Бесими.
Бесими ги запознал претставниците на занаетчиската комора за активностите на минситерството во врска со поддршката и развојот на занаетчиството со посебен осврт кон изработката на стратегијата за развој на занаетчиството во Македонија.
Во рамките на официјалната посета на Занаетчиската комора - Кобленц министерот Бесими се сретна и со неговиот германски колега, Рајнер Брудерле.
Како што информираат од министерството на средбата со министерот Брудерле, Бесими ја презентираше макроекономската состојба на Република Македонија за 2010 година и реформските активности превземени од страна на Владата на република Македонија, заложби отсликани преку индикаторот Doing Business каде Македонија е рангирана во првите три земји, топ реформатори во светот проследено со подобрување на индексот во глобалната конкурентност и фридом индексот.